Петар Печков
Објавено: среда, 31 март 2010
На локацијата кај езерото Младост дрвца засадија претставници на граѓанскиот сектор, невладини организации, ученици, вработените во јавните установи во Велес и граѓани, а симболично и една група дечиња од градинките. На вториот локалитет кај село Караслари во акцијата се вклучија припадниците на АРМ од велешкиот гарнизон.
Тие се едни од најактивните учесници, кои беа вклучени во сите досегашни акции за пошумување
Акцијата за пошумување ја подржа претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов заедно со организаторите на акцијата Ден на дрвото кои засадија дрвја на езеро Младост.
Оваа акција доведува до сплотување и зближување на сите граѓани, без разлика на нивната етничка, верска, социјална припадност. Горди сме што младите ја прифаќаат иницијативата, но радува у фактот што на Конференцијата за глобалните климатски промени, одржана во Копенхаген, ова македонска акција, беше прифатена како регионална. Убаво е што се шири совеста да мислиме за идните поколенија – изјави Ѓорге Иванов претседател на Република Македонија. Тој беше меѓу илјадниците граѓани кои учествуваа во акцијата ,,Денот на дрвото,, која годинава се одржува по петти пат.
Излезноста на граѓаните не прави горди и среќни нас како организатори. Уште порадосни сме што таа ја прифаќаат и соседите, бидејќи доаѓаат луѓе од Грција, Бугарија, Србија. Албанија, Косово. Затоа на сите гранични премини денес ќе се засади ,,Алејата на пријателството,, .
Дрвцата немаат религија ниту нација, имаат само една улога да ни служат за подобар живот. Почеток на една убава иднина за сите во регионот е токму еден ваков ,,Балкански ден на дрвото,, - изјави Борис Трајанов од граѓанското здружение ,,Денот на дрвото,, .
Дел од акцијата ,,Денот на дрвото- засадија својата иднина,, која се одвиваше во Велес, се пошумуваше на простор кој државата го нуди да стане приватен, за угостителски објекти. Локациите покрај езерото Младост, кои Министерството за транспорт и врски ги продава, а просторот е наменет за изградба на хотели, мотели и автокампови, една веќе има и сопственик.
Надлежните за изборот на локацијата си ја префрлаа одговорноста. Од ПЕ на ЈП Македонски шуми, Шумско стопанство Бабуна велат дека тие ги одредиле површните кои ќе се засадуваат, но за тоа се обратиле до локалната самоуправа на Велес. Од таму креваат раце, никој не побарал од нив да каже каде ќе се засадува. А дека изборот за локацијата не е соодветен, покрај езерото Младост со реакција и од ЕД Вила Зора.
На Велес му треба шума тоа е факт, но дали вистинското место е брегот на езерото Младост, кое е нај зелениот појас на градот. Требаше да се пошумуваат голите ридишта над Велес, кој треба да бидат белите дробови – изјави Ненад Коциќ претседател на ЕД Вила Зора.
Tweet |